Бојкотот на наставата ставен во мирување: Ако нема договор со МОН до понеделник, родителите на протест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Групата родители кои се противат на воведувањето дигитални учебници најавија дека ќе го прекинат бојкотот на наставата по средбата со претставници на Министерството за образование и наука.

Претставничката на иницијативата „Учебници и настава мора да има“, Драгана Спасевска изјави дека ги доставиле барањата до МОН и очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно, како што најави, родителите ќе излезат на протести.

„Имавме конструктивна средба со МОН, но претставниците не беа компетентни да ни одговорат на сите точки. Требаше да има и од БРО и СОНК. Одлучивме дека до идната недела ќе ги разгледаат нашите барања – да се стопира овој закон, да се отвори јавна дебата и ние да бидеме инволвирани во новите реформи, за кои е јасно дека се повеќе од потребни. Очекуваме повторно да не повикаат со комплетен тим од сите сектори и јасно и гласно да ни кажат дали ќе се прекине со овој закон. Даваме термин до почетокот на идната недела да одговорат, во спротивно одиме на протести и на граѓанска иницијатива за стопирање на предлог-законот“, рече Спасевска.

Покрај барањето за повлекување на законот за учебници, Спасевска соопшти дека побарале да останат хартиените учебници за сите одделенија од основно и средно образование, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците, како и да не се спојуваат повеќе предмети во еден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи