ВИДЕО – Изворот „Леково“ загаден од ископ на мермер, во опасност сите граѓани на Прилеп – надлежните министерства не превземат ништо

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Жителите на викенд населбата околу вештачкото езеро во Прилеп обвинуваат дека поради ископот на мермер во рудникот на фирмата Марибел се случува еколошка катастрофа на изворот Леково, еден од изворите за вода со кој се снабдува Прилеп. Во опасност во моментов биле сите граѓани. Поради тоа тие денеска одржаа мирен протест со блокада на патот кај вештачкото езеро. Инаку мермерот се копа на само неколку стотини метри од изворот. Граѓаните бараат итна интеревенција на надлежните министерства и прилепски „Водовод“.

 

 

„Внатре во изворот има бело брашно, ова што е мермерното брашно таложенмо долу. Таа вода денес не е употреблива“, вели Зоран Тодороски, жител на викенд населбата околу вештачкото езеро.

 „Плус и водата и чешмите се загадуваат, течи од време на време и жолта вода, чешмите постојано се затнуваат со песок. Вода плаќаме а јас незнам зошто плаќаме, ако не платиме ќе не дадат на извршител, а јас ако плаќам веже треба да добивам чиста и исправна вода“, додаде Горан Тасески, жител на викенд населбата околу вештачкото езеро.

Жителите обвинуваат и тоа дека и другите околни рудници за мермер ги загадувале реките и вештачкото езеро.

„Ние велиме тука прајме атрактивности околу езерото, вложуваме дебели пари од државата, а тоа сега се загадува“, истакна Илија Талески, жител на викенд населбата околу вештачкото езеро.

И прилепски „Водовод“ ги поддржува граѓаните во протестот, велат дека единствен начин да се реши проблемот е да престане експлоатацијата на мермерот околу изворот.

„Три пати се имам обратено до Министерството за економија да ја преиспита одлуката за концесија и до Министертсвото за животна средина бидејќи дефинитивно со заматувањето се загадува водата и се загрозува животот и здравјето на граѓаните. Досега од страна на Министерството за економија и Министертсвото за животна средина нема реакција“, изјави Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Сопственикот пај на рудникот, Блаже Тодороски, вели дека загадувањето не било од неговиот рудник, туку можеби од некој од другите рудници во околината затоа што тие при ископот не минирале, а загадувањето се јавувало само при минирање. Жителите пак се закануваат со порадикални протести ако држават не го реши овој проблем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи