Македонија на дното по број на вакцинирани, од нас полоши само Косово и Босна и Херцеговина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дневниот весник The New York Times ја рангираше Македонија на дното според бројот вакцинирани лица на 100 жители. Македонија се наоѓа на трето место одназад, односно полоши од нас се само Косово и Босна и Херцеговина.

 

Велика Британија, која ја одобри првата доза на вакцина против коронавирус на 2 декември  води во имунизација на својот народ. И Србија и Унгарија се исто така на врвот на оваа листа. Двете земји купија вакцини од Русија и Кина.

Велика Британија целосно вакцинираше 23,7 % од населението (што значи дека ги примиле двете дози), Малта вакцинираше 24,1 % од населението, Србија вакцинираше 20,8 % од населението, додека Унгарија вакцинираше 21,1 % од населението.

Другите земји целосно вакцинирале околу 11 % од населението или помалку: Турција – 11,9, Данска – 11,7, Швајцарија – 11,1, додека Франција, Германија, Белгија, Шведска и други земји вакцинирале помалку од 10 %од населението.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video