Спасевска одлучна дека борбата на 75 илјади граѓани продолжува, средба на претставници од „Учебници и настава мора да има“ и МОН

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Група родители од неформалната иницијатива „Учебници и настава мора да има“, која една недела повикува на бојкот на наставата, денеска ќе има средба со претставници на министерството за образование и наука за да ги презентираат своите барања во однос на воведувањето дигитални учебници. Според најавите, на oваа средба поради обврски нема да присуствува министерката Мила Царовска.

Во прилог за Канал 5, претставничката на групата, Драгана Спасевска пред почетокот на средбата најави дека нема да прекинат со нивната заложба за нивните барања.

„Нашите барања до МОН се знаат веќе од 28 април кога ги поднесовме. Ние бараме овој предлог закон да се стопира, да се оформи јавна расправа и дебата околу истиот и да се донесе шанса стручни лица и дел од граѓаните да бидат вклучени во новите реформи во образованието. Има точки на разговор којшто ќе ги опфатиме денес, бидејќи имаме многу големи проблеми во образовниот систем, не само дигитализацијата“, вели Спасевска.

На прашањето што доколку не се остварат нивните барања, вели дека се зависи од средбата која што ќе ја имаат денес.

„Доколку не се удостојат нашите барања, ќе одиме понатаму, можеби народот сака и јавно да се искаже на протести, нашето незадоволство треба да биде видено, затоа што е големо. И потоа ќе одиме со граѓанска иницијатива да го решиме овој проблем директно во Собранието“, најавува Спасевска.

На новинарското прашање за обвинувањата од невладината „Менуваме“ дека оваа иницијатива е предводена од политичка партија, Драгана јавно демантира и објаснува дека позади оваа мисија единствено стојат 75 илјади граѓани.

„Јавно демантирам дека сум политички и партиски водена. Коалицијата „Менуваме“ сакаше да повлече целата оваа мисија да оди преку нив. Јас им кажав дека ова е граѓанска борба, на родителите, и затоа тие сакаат да стават црна точка на оваа група граѓани дека сме партиски водено од опозицијата или не знам, од каде таму потенцираат. Меѓутоа, не смее никој да ми стави забрана дека јас не смеам да влезам на оваа средба. Така почна се, затоа што тие не сакаа јас да влезам на оваа средба. Јас ја имам поддршката од 75 илјади граѓани коишто бараат решение преку мене за проблемите во образованието. Единствено само преку нив одам и ги застапувам детските права се со цел да се избориме за подобро образование“, објаснува Спасевска.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video