Белгиски земјоделец ја прекроил границата со Франција


Белгиски земјоделец се најде во центарот на вниманието откако по грешка ја прекроил границата со Франција.

Локален историчар шетал низ шумата кога забележал дека каменот кој ја обележува границата меѓу двете земји бил преместен за 2,29 метри.

Испадна дека земјоделецот го поместил каменот бидејќи му сметал во работата со својот трактор.

„Ја зголемил белгиската територија, а ја намалил француската, а тоа не е добра замисла. Среќен сум што моето место стана поголемо, но началничката на француското место Бусињие-сур-Рок не би се сагласила со тоа“, изјави со насмевка за локалните медиуми Давид Лавоз, началник на белгиското место Еркулине.

Белгиските власти планираат да го контактираат земјоделецот и да го замолат да го врати каменот на првобитната локација. Доколку тоа не се случи, може да биде казнет со парична казна, а случајот може да се испрати до белгиското Министерство за надворешни работи. Исто француско-белгиската гранична комисија може да биде свикана за прв пат од 1930 година.

„Верувам дека ќе успееме да избегнеме нова погранична војна“, изјавила на шега Орели Велонек, началничка на соседното француско место.

Инаку границата меѓу Франција и Белгија е долга 620 км, а официјално е признаена во 1820 година. Каменот потекнувал од 1819 година, кога првично била обележана границата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи