МВР ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров “ ќе се одржи  централната прослава по повод одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Како што соопшти МВР, на свеченоста по повод празникот ќе говорат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во пресрет на празникот, завчера во Ресен беше презентиран комплетно реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи (ОВР), обновен првпат после 40-тина години, за што беа инвестирани 12,7 милиони денари, од Буџетот на Министерство за внатрешни работи.

Во рамки на зафатите за осовременување и модернизација на условите за работа на полицијата и другите припадници на МВР се работи на реконструкција или реновирање на објектите на СВР Куманово, на Полициското одделение Ростуше, а во претстојниот период во план се работи и на Одделението за внатрешни работи Прилеп, Полициската станица во Крушево и Полициското одделение во Чашка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи