Наш соговорник во оваа емисија е Филип Илиоски од велосипедското здружение „Маркови Точакџии“ со кого поразговаравме околу планинскиот велосипедизам и неговата се поголема популарност како спорт не само во Прилеп туку и во цела Македонија. За можностите и перспективите кои се нудат кај нас за развој на спорт.
Иако овој спорт е се поатрактивен кај нас, за жал нема маркирано патеки за оваа намена и не се искористува доволно природниот потенцијал, да се привлечат повеќе туристи.
Ќе слушнете и нешто повеќе за „Маркови Точакџии“, кога и каде возат, колку пати неделно, но и за тоа ако сте вљубеник во овој спорт како може да станете дел од ова вело здружение.