Свадби најверојатно ќе има од крајот на мај, но не се знаат се уште протоколите


Угостителските објекти за свадби и прослави најверојатно ќе може да работат од крајот на мај, најави министерот за економијата Крешник Бектеши. Сепак тој рече дека ќе се почитува препораката што ќе дојде од Комисијата за заштита од заразни болести, а во зависност од епидемиолошката состојба и бројот на заразени.

„Ние секоја недела носиме полабави мерки. Ако тоа го дозволи ситуацијата и овие објекти ќе може да работат по посебни протоколи“, рече Бектеши.

Во однос на недела неработен ден, трговските центри и поединци ќе работат во недела, а дополнително ќе треба да платат 100% поголема дневница, а два отсто од остварениот приход ќе треба да го уплатат во државната каса. За оние кои нема да ги почитуваат законските обврски, санкции им следуваат според Законот за работни односи, а дополнително и ДПИ ќе може да врши контрола во исплатата на дневници.

„Само да бидам појасен, бидејќи по медиумите видов дека угостителските објекти во недела ќе работат само една смена, тоа не е точно. Ова е предвидено во Законот за угостителска дејност, значи ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не се предвидени измени со „недела неработен ден“, рече Бектеши.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи