Совет на Амбасадори: Загрижени сме од изјавата на Вархеји за можно одделување на Албанија и Македонија во преговорите со ЕУ


Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ со посебна загриженост и вчудовиденост ја прими најавата на Комисарот за проширување Вархеји за време на негoвата турнеја по земјите на Западен Балкан дека е можно Македонија и Албанија да  бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако Македонија и Бугарија не наоѓаат заеднички јазик во решавањето на спорот околу  идентитетските прашања.

„Совет на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По ова проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата  и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот. Совет на Амбасадори  е на ставот дека прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања.

Совет на Амбасадори смета дека реализирањето на таквата можна опција ќе даде негативни импликации за земјата и за регионот, ќе го зголеми степенот на евроскептицизмот и песимизмот кај граѓаните и непотребно ќе го оддолжи патот на Република Северна Македонија кон полноправното членство во Унијата.

Совет на Амбасадори го повикува Комeсарот за проширување Оливер Вархеји и неговата матична земја како и лидерите на  другите земји членки на Унијата да  вложуваат максимални напори оваа година конечно да се оддржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзото интегирање во ЕУ.“, се вели во соопштението од Советот на Амбасадори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи