Соопштение за закажување систематски преглед за првоодделенчиња од прилепска, крушевска и долненска општина

Од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност информираат за начинот на закажување термин за проверка на видот кај првоодделенците за родителите на децата од прилепската, крушевската и долненската општина.

„Се известуваат родителите на децата кои оваа есен треба да станат првоодделенци од Прилеп, Крушево и Долнени дека систематскиот преглед за проверка на видот на своите деца можат да го закажат на следниов телефонски број: 070/226-859 секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот.

Систематските прегледи ќе се извршуваат во амбулантско-поликлиничкиот дел на болницата, во Кабинетот за ОРТОПТИКА исклучиво во однапред договорен термин.

За систематскиот преглед не е потребен специјалистички упат!

Ги замолуваме родителите навреме да го закажат систематскиот преглед, за да не се створат непотребни гужви кон крајот на месецот мај, кога завршува рокот за упис на идните ученици“ , стои во соопштението од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи