Министерот за здравство Венко Филипче денеска во вакциналниот пункт во арената Борис Трајковски ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“.
Покрај Филипче, имунизирани се и други министри во владата, како и нивните заменици.
Министерот за здравство Филипче им порача на граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, бидејжи тоа е единствениот безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус.
„Денеска ја примив вакцината на „Синофарм“. Буквално сите вакцини се безбедни за употреба. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали, има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓании кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите“, изјави Филипче.