ВИДЕО – Мицкоски: Треба да инвестираме во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за кој што постои јасен проект

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нема никогаш да се сложиме на најкорумпираната Влада во Европа врз основа на промашена физибилити студија за Клинички центар, правена врз податоци од пред 13 години, да и дозволиме закон со кој ќе можат во 4 очи да склучат договор и да потрошат половина милијарда евра народни пари. Ова денеска во Прилеп го истакна лидиерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека СДСМ нема никаков проект за нов Клинички центар, a граѓаните со нив изгубиле 4 години за да добијат подобрии здравтсвени услуги. Според Мицкоски требало да се работи на реализација на проектот за Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, кој ќе чинел двојно помалку, но и модернизирање и дисперзирање на здравствените институции и услуги и во други Клинички центри низ Македонија.

Ајде да инвестираме во Клинички центар за кој што постои јасен проект и одобрени пари од Европската инвестициска банка. Да изградиме Ковид центар помеѓу платото на поранешна Румунска и поранешна Воена, сегашна 8-Ми Септември. Тоа место се наоѓа помеѓу 3 булевари, „Партизанска“, „Илинденска“ и „8-Ми Септември“, имаме секаква инфраструктура нема потреба од дополнителни инвестиции. Ајде да ги модернизираме Клиничките болници во Штип, Битола и Тетово. Да дисперзираме малку од Скопје. Да може и граѓаните низ Македонија наместо да доаѓаат во Скопје и да плаќаат пари за лекување да ја добијат медицинската нега и во местата каде што живеат“, истакха Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак денеска преку соопштение истакнаа дека ВМРО-ДПМНЕ им должел извинување на граѓаните поради блокадата на Законот за Клинички центар. Според СДСМ предлог Законот предвидувал изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбедува високо квалитетни здравствени услуги на населението во државата во следните неколку децении.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се водат од одговорноста на граѓаните, особено во овој вонреден период и да помогнат во изнаоѓање на решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем, исполнуваат желби на Мицкоски упорно кочејќи го овој важен проект и покрај тоа што токму тие имаат отворена понуда да го водат целиот процес. На јавноста и е јасно дека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ спасот и личните интереси на Мицкоски им се поважни од здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.

И додека власта и опозицијата се обвинуваат и по 12 години откако беше најавена изградба на нов клинички центар и се променија неколку локации за негова изградба, се уште не се удрени темели за истиот.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video