ЕКСЛУЗИВНО ВИДЕО: „Спасителната вежба Мрежичко 2021“ – спасување повредени лица во пештера и на карпи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Околу 50-тина припадници на спасителните здруженија од цела Македонија, нуркачи, алпинисти, спелеолози, спортски качувачи, спаситеи на восда и други професии блиски до планинските спортови, викендов беа дел од „Спасителната вежба Мрежичко 2021“, која ја организираше Спелеолошката Федерација на Македонија. Вежбата е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини. Оваа вежба имаше 3 сценарија : прво, извлекување на повредено лице од пештера, имобилизација на нога, транспорт од пештерата и поставување на жичара преку реката за безбедно транспортирање на лицето до амбулантното возило, второ сценарио спасување на лице заглавено на карпа, каде при тренинг е заглавено на определена висина од карпата и трето сценарио симулација на индустриски алпинизам и спасување во урбана  средина. Целта на оваа вежба е да покаже уште еднаш потребата од создавање на државна спасителна служба.

„Неопходно е да имаме ваква спасителна служба која ќе биде 24/7 во услуга на сите граѓани на Македонија како и на сите оние туристи кои ја посетуваат нашата држава. Македонија располага со огромно културно и природно богатство ии во текот на последниве неколку години се повеќе и повеќе земаат замав аутдор активностите, односно планинските спортови. За уште подобра промоција и сигурност на нашите граѓани потребно е оформување на државен систем кој ќе биде под раководство на државните органи, како Центарот за управување со кризи и секако пред се тука е безбедноста на граѓаните“, истакна Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка Федерација на Македонија.

Вежбата беше изведена со координација и присуство на Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Кој за да ја покаже својата поддршка на спасителите се спушти по јаже во кањон длабок 30-тина метри. Присуствуваа директорот на Дирекцијата за заштиита и спасување, а вежбата беше поддржана и од Општина Квадарци

Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот на државата, поточно во системот за управување со кризен менаџмент, за да нивните вештини бидат ставени на располагање на сите граѓани на кои ќе им треба ваква помош. Грешките треба да се критикуваат, но од грешките треба и да се учи. Наша задача како Центар за управување со кризи е длабоки реформи на целиот систем за управување со кризи за да бидат отстранети сите оние недостатоци кои ќе ги детектираме или се дектирани досега“, истакна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Инаку ова досега е најголемата спасителна вежба во Македонија, организирана на волонтерска основа. Вежбата и овие млади херои само го потврдија фактот дека државата треба што поитно да реагира и конечно да создаде државна спасителна служба, која ќе биде во функција на граѓаните 24/7.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи