Шест години од „Диво Насеље“ каде загинаа 8 полицајци – да не се повтори и да не се заборави

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска се навршуваат шест години од оружената престрелка во „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, а 37 бea повредени во престрелките низ густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

Градот се сеќава на 9 и 10 мај 2015-та година, кога два дена градот живееше во страв. Престрелките започнаа утрото на 9 мај, а со различен интензитет траеја цели 28 часа. Во борбата со полицијата беа убиени и 14 терористи.

Македонскиот полициски синдикат со жалење по своите колеги потсетува на хероите кои ги положија животите во Диво Насеље, еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети.

„Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината“, велат од синдикатот.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Пресудите подоцна ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video