Успешен Генералка викенд во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Петочната акција за собирање на отпад беше навистина успешна и ЈП „Комуна“ Крушево апелира исчистените локации со заеднички придонес да ги зачуваме такви.

„Акцијата во рамки на Генералка викенд се покажа како една успешна активност и драго ми е што покрај логистички во активноста се приклучивме како администрација во заедничко чистење. Сакам да се заблагодарам на организаторите, а според количината на собраниот отпад оваа акција за чистење е исклучително успешна. Да продолжиме да бидеме одговорни и да ја зачуваме нашата средина“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Генералка викенд е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain) со поддршка од ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и други.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи