Средба Заев – Вархеји: Целта на ЕУ е да се прифати преговарачката рамка за Македонија, но за идентитетот нема да се преговара


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Еврокомесарот Вархеји ја пречека македонската делегација со пораката дека неговата цел, како и целта на Европската комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Претседателот на Владата Зоран Заев на средбата со еврокомесарот Вархеји истакна дека високо ги оценува напорте на Европската комисија за деблокадата на европскиот пат на Македонија.

„Техничката Влада во Бугарија може да е можност за скорешно решение, но очекуваме другата страна да биде охрабрена за отвореност, подготвеност и посветеност кон решение. Ние сме подготвени за разговори, веруваме дека треба да имаме уште еден обид во периодот што доаѓа, но треба да знаат и колегите во Бугарија и сите во Европска Унија дека за нашиот идентитет нема ниту да разговараме, ниту да преговараме и дека сите обиди тој да се става на преговарачка маса ќе бидат одбиени од македонска страна“, порача Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи