32 години откако Мурато го освои Монт Еверест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато е првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, пред 32 години, на 10 мај 1989 година. Но за жал не успеа да се врати во базниот логор, по што беше прогласен за исчезнат и остана на вечна стража на највисоката планина на светот.

Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.

На 10 мај пред три децении Мурато, како член на македонската алпинистичка хималајска експедиција Еверест ’89, го поставува знамето на светскиот покрив. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег.

На симнување од врвот Мурато останал најверојатно на височина од 8.200 метри. Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична кондиција, често пати правејќи патека во снегот и пред шерпасите.

Долго време Мурато бил единствениот Македонец кој се искачил на врв повисок од 8.000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

На  Пелистер, каде што многу често се искачувал, во негова чест е подигнато спомен-обележје, а постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи