Дали ова лето ќе има свадби – Бектеши очекува отворање на свадбени ресторани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дали ова лето ќе има свадби и други прослави и под какви протоколи?  Втора година по ред угостителите и младоженците се во неизвесност. Во останатите европски земји во игра се повеќе опции и веќе се тестираат масовни забави.  Една од опциите која ја најавуваат српските здравствени  власти  е организирање на свадби но само ако гостите се вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест. Србите најавија дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекуваат првите свадбени веселби.

Во Хрватска пак во сабота ќе се организира пробна свадба по што ќе се одлучува кога целосно ќе се олабават мерките.

Угостителите во земјава пак велат дека кај нас оваа опција не е на маса, пред се поради малата бројка на вакцинирани. Сепак очекуваат дека свадби ќе има од следниот месец и тоа под строго утврдени протоколи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши во Клик Плус на ТВ21, за олеснувањето на мерките против ковид-19, изјави дека отворање на свадбени ресторани, според него ќе се случи на крајот на мај или почетокот на јуни.

„Сигурно свадбените ресторани или ресторани кои организираат разни забави, некаде кон крајот на овој месец (мај) или почетокот на следниот месец (јуни) можат да започнат со работа. Секако, врз основа на протоколи што ќе бидат подготвени од експерти од оваа област “, рече Бектеши.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека епидемиолошката слика дава можности за дополнително олеснување на рестрикциите, дека ќе може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари, но засега не и свадби.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи