„Замокот на Дракула“ им нуди на туристите вакцина „Фајзер“ против ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во славниот замок на Дракула во Трансилванија, Романија е поставен и ковид-центар и на посетителите им се нудат „Фајзер“ вакцини против ковид-19.

На оние кои ќе примат вакцина им се доделува сертификат во кој се пофалува нивната „смелост и одговорност” со ветување дека ќе бидат добредојдени во замокот „во наредните 100 години”, а при тоа им се нуди и бесплатна посета на „собата за тортура”.

Ова е дел од напорите на владата да ги поттикне романците да се вакцинираат во што е можно поголем број. Од почетокот на пандемијата, во Романија се регистрирани над 1 милион ковид дијагостицирани и околу 29 илјади починати.

Целта на Владата е да се вакцинираат 10 милиони луѓе до септември, но скоро половина од Романците не сакаат да примат вакцина. Сепак, постои надеж дека замокот Бран и неговата единствена иницијатива ќе го зголемат бројот на вакцинирани. Секој викенд во мај, оние кои ќе закажат вакцинација, ќе можат бесплатно да видат изложба на 52 справи за мачење.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video