Изложба на уметникот Ниче Василев во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 14 мај, петок, во 13.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложбата на слики од уметникот Ниче Василев. Изложбата е дел од програмата за работа на Центарот за 2021година, поддржана од Министерството за култура.

 

За изложбата

Уметникот Ниче Василев инспириран од жената, односно женското тело, своите ументички видувања ги преточува во дела. Тој на неговите слики им дава, една суптилна, онтолошка димензија и ги облагородува со еден благ, но доволно јасен и звучен метафизички квалитет. Женските фигури се елегантни, со Модилјаниевски издолжени вратови, без истите да изгубат од својата поетика и семантика.

 

Биографија за авторот

Ниче Василев роден е во с. Дабиље, Струмичко. Академија за ликовна уметност завршил во Варшава во 1978 година во класата на Лудвиг Мачионг. Во 1971/72 студирал на Националната академија на факултетот за применети уметности во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 г. Живее и работи во Струмица.

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград…Учествувал на групни изложби и ликовни колонии во земјата и во Бугарија, Послка, Србија, Грција, Франција, Словенија…

Во 2013 година бил на студиски престој во Париз, Франција со Поддршка на Министерството за култура. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата Димитар Пандилов на ДЛУМ, наградата Методија Иваноски Менде на КИЦ, Гран при на Остен – Светска галерија на цртежи во 2013, Уметник на годината 2013 е прогласен во 2014 на Светска галерија на цртежи.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи