СДСМ Прилеп: Лагите за реформите во образовованието на ВМРО-ДПМНЕ се распрснуваат како меур од сапуница

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со зачестените средби на градоначалникот Илија Јованоски со наставниците и Советите на родители од прилепските основни училишта, лагите за реформите во образовованието кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста, се распрснуваат како меур од сапуница, велат во денешната реакција од ОО СДСМ Прилеп, која следува по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, кои побараа од градоначалникот Илија Јованоски, да ги тргнел рацете од образованието и да престанел да се сретнува само со избрани родители претставници на Советите на родители во училиштата туку да остварел средба со сите претставници на родителите.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Новиот автентичен, македонски модел за дигитализацијата на образованието, не значи целосно укинување на печатените учебници. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и сукцесивно во погорните одделенија ќе се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, што значи дека учениците ќе имаат право на избор на кој начин ќе ја следат наставата.

На оние ученици кои ќе изберат да учат од печатени учебници, ќе им бидат обезбедени од училиштето во кое ја следат наставата. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години на диктаторски начин, од кабинет спроведуваше таканаречени реформи во образование, СДСМ го унапредува образовниот систем етапно и во консултација со наставниците, родителите и учениците.

Граѓаните многу добро ги паметат Кембриџ програмата и екстерното тестирање, кои беа само мал дел од експериментите на ВМРО-ДПМНЕ во образованието. Покрај тоа, во оваа прилика ќе потстетиме дека градоначалникот на општината, исто како и Министерството за образование, има обврска да се грижи за интересите на учениците, родителите и наставниците и да ги заштити од партиските манипулации, кои тенденциозно се шират во јавноста.

Државата забрзано чекори напред, а дигитализацијата во сите сегменти од општественото живеење, е неизостваен дел од тоа. Само ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во минатото и во криминалната матрица на нивниот шеф Никола Груевски и продолжува да шири лажни вести, да опструира и злоупотребува ученици и родители. Заради таквото деструктивно однесување, на ВМРО-ДПМНЕ неминовно им следува уште еден пораз на претстојните локални избори“, велат од ОО СДСМ Прилеп во писмената реакција.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video