Доминација на учениците од прилепската Гимназија на државниот натпревар по географија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 07.05.2021 год. во организација на Македонското географско друштво се одржа Државниот натпревар по географија. На овој натпревар учествуваа 63 ученици од гимназиите, угостителско туристичките училишта и економските училишта од Македонија. Меѓу нив беа и натпреварувачите од прва и трета година од СОУ Гимназија „Мирче Ацев “- Прилеп, кои пласманот до државниот натпревар го обезбедија по успесите на претходно одржаните општински и регионални натпревари.

Во зависност од годината на образование, учениците беа поделени во неколку групи и на натпреварот одговараа на прашања од материјалот кој го учат по предметот географија но исто така и прашања надвор од наставниот материјал, како на пример читање на дигитални сателитски снимки, анализа на компјутерски моделиран релјеф и сл.

  Учениците ги постигнаа следниве резултати:

   I година

  1. Давид Димовски –  I  место
    2. Давор Петрески –   III  место
    3. Михаел Матески –  I награда
    4. Марија Стојческа –  II награда

   III година

  1. Душица Тодороска –  I место
    2. Елеонора Мицеска – III место

Mентор на сите ученици им е проф. Виолета Проскоска Велкоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video