Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација, за вакцинација досега се пријавиле околу 160.000 граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој минатата недела рече дека по направениот пресек на 30 април, сите пријавени ќе добијат термини до 15 мај, а денес го продолжи тој рок до понеделник, односно до 17 мај, но рече дека приоритет ќе имаат повозрасните оти по направениот пресек на крајот на април се пријавиле уште 9.000 лица над 70 години кои дотогаш не биле пријавени.

„До утре или до понеделник сите пријавени ќе добијат термини. Акцентот ќе биде на новопријавените лица над 70 години, за да се заштити прво оваа категорија. Помладите е можно подолго да почекаат. Границата ќе биде 40 години. Тие под 40 години нешто повеќе ќе почекаат“, рече министерот Филипче.

Тој повтори дека на некои пунктови се вакцинирале и дваесетгодишни и триесетгодишни оти била исцрпена бројката на повозрасни граѓани пријавени за вакцина.

„Во некои општини поради помал број постари пријавени граѓани, добиле термини за вакцина и помлади, но еве пак ставаме акцент на повозрасните кои подоцна се пријавиле“, објасни министерот.

Преку системот за вакцинација досега се пријавиле околу 160.000 граѓани. Денес во земјава треба да пристигнат 40.000 дози од вакцината на „Астра зенека“ за која се уште важи препораката да не се дава на лица помлади од 60 години, а утре ќе стигнат 100.000 дози од „Синофарм“, донација од кинеската армија. Во текот на месецов треба да пристигнат и 500.000 дози од кинеската вакцина на „Синовак“.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video