Царовска: Како ќе одвива наставата од септември ќе зависи од епидемиолошката состојба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Оваа година избраниот хибриден модел на наставата даде одлични резултати, без застој во образованието, а притоа се заштити здравјето на учениците и наставниците како и колективното здравје. Тоа покажа дека образовниот систем може да се справува со вакви потреси, изјаваи министерката за образование и наука Мила Царовска, при посетата на средните стручни училишта во Охрид.

Царовска истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар. Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Според неа, предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува после спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

„Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, Досега имавме успешна учебна година спроведена со онлајн-алатки. Кога зборуваме за дигитализација на учебници не зборуваме за онлајн-настава. Онлајн-наставата ја наметна ситуацијата, затоа што така моравме. Во училница не станува збор за дигитализација на однос ученик – наставник, туку се воведува дигитален учебник што не служи за предавање на час. Часовите се одвиват со директна интеракција, за учењето да биде соодветно на нови стандарди. Прво и четврто одделение ќе стартуваат по нова концепција, која главно во фокусот го има ученикот и интеракцијата односно учење преку истражување и проекти, а не фактографско помнење кое што денеска ни ги покажува негативностите, рече министеркаста Царовска.

Царовска рече дека била потребна поголема вклученост на сите, вклучувајќи ги тука и медиумите и опозицијата, за да покажеле грижа за учениците.

„Интересот на ученикот до денеска не е дискутиран, дури и да има потреба од дополнителни кадровски решенија, од повеќе инвестиции, не треба да се плашиме од тоа. Единствен фокус на целата политика треба да биде во образованието, од кое зависи иднината на државата, директно од она колку денеска ќе вложиме ресурси, знаење, посветеност, но и грижа единствено за интересот на ученикот. Учениците имаат еднаков потенцијал, ние одлучуваме колкав ќе биде нивниот потенцијал преку вложувањето во образование. Триесет години сме инвестирале во непотребни работи, од несуштинско значење, а не во училиштата. Како Министерство и Влада покажавме дека фокусот ни е образование, инфраструктурно вложуваме во дигитализација и опремување на образовните центри за по пет години од денеска да имаме воедначен стандард во сите училишта. Тоа не е луксуз туку основни капацитети и потенцијали на училиштата, за да можеме да очекуваме максимални резултати од учениците, рече Царовска.

Во врска со за утре закажниот протест на здруженија на родители против најавената дигитализација на дел од учебниците, Царовска посочи дека од она што таа го знае е дека барањата се воглавно насочени на враќање на предметот етика на религии, за која нагласи дека е изборен предмет, но и за исклучување од  наставата на родово сензитивно образование. Родовата рамноправност, истакна таа, е дел од законските решенија преку Законот за недискриминација изгласан од сите пратеници во Собранието.

„Државата има ратификувано многу меѓународни конвенции за родова рамноправност. Други барања специфични немаше, затоа што да има учебници, да има настава. Настава има, учебници има, настава ќе има, учебници ќе има што значи дека барањата се остварени“, посочи Царовска.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video