ВИДЕО – Во средните училишта во Прилеп презентирани предностите на „Дуалното образование“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во склоп на кампањата за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование, денеска во четирите средни стручни училишта во Прилеп СОУ „Ѓорче Петров“,СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“,СОУ „Орде Чопела“ и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ се одржа „Отворен ден“ каде идните средношколци имаат можност да се запознаат со училиштата и што тие нудат. Беше потенцирано кои се предностите на дуаланото образование и тоа дека во сите средни училишта има воведено новини, во соработка со регионалната стопанска комора.

„Имаме атракција во самите смерови и тоа да ги придобиеме младите да стекнувата квалитетни и применливи знаења кој што ќе бидат компатибилни на пазарот на трудот. И нормално нивните знаења да произлезат од училишните клупи и во компаниите да влезат како готови кадри и нормално компаниите да бидат заштитени од дополнителни обуки. Така што поддршка до сите компании кои подадоа рака да имаме една ваква соработка со средните стручни училишта. Оваа година има и новина секој ученик кој ќе се запише во дуална паралелка добива стипендија од 3.500 денари дополнителна мотивација, со тоа што нема само што добива занает туку е и мотивиран дополнително да вложи максимални напори да ги стекне своите знаења. И утре да ги примени на пазарот на труд“, истакна Каролина  Николоска, советник за образование во Општина Прилеп.

Во СОУ „Ѓорче Петров“ има две дуални паралелки, креатор и моделирање на гардероба и ракувач со рударски машини. Во СОУ „Орде Чопела“ има една дуѕална паралелка, медицинско лабораториски техничар. Во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ има 4 дуални паралелки, каде дуалното образование започна уште пред 2 години во соработка со германската стопанска комора. Два смера се во 4 година и два смера во тригодишното средно стручно образование. Во 4 година се графички дизајнер и техничар за логистика во сообраќајот. Во 3 година електричар и машински механичар. И во СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ има една дуална паралелка со економски техничар.

„А за дуалната паралека имаме соработка и потпишано меморандум за соработка со 4 компании и тоа 2 сметководствени бироа, кои нудат сметководствени и прани услуги, една ревизорска куќа. Исто така имаме потпишано меморандум за соработка со една компанија која исто така ги бара нашите ученици да одат редовно на пракса и практична обука таму, се со цел да се стекнат со знаења и обуки она што теоретски ќе го совладаат во нашето училиште практично да го применат таму. Уписите се од од 14 до 30 јуни“’, кажа Билјана Маркоска, директорка на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“.

И учениците сметаат дека дуалното образвоние ќе им обезбеди подобра можност за вработување, а за тоа ќе им помогнела поголемата практична работа која ќе ја имаат.

„Како што гледам има добри услови тука и сакам да се запишам како економски техничар. Бидејќи сакам да направам свој бизнис или да се вработам како раководител, сметководител и слично. Подобро е да има практична настава бидејќи ќе одиме по фирми ќе учиме како треба да се работи“, рече Валерија Здравева, ученик во 9 одделнеие во ООУ „Гоце Делчев“.

 „Нашите ученици покрај теоретското учење се здобиваат и со практични знаења каде што гледаме дека се поголем дел и од компаниите имаат се поголем интерес да се стекнат учениците со некои знаења и да биде полесно за нив да најдат работа, а воедно и за компаниите да имаат веќе оспособени работници“, истакна Валентин Димитроски, ученик во четврта година во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

Инаку во средните училишта во Прилеп има 8 дуални паралелки со околу 140 ученци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи