ВИДЕО – Прилепските ученици против воведувањето на дигитализацијата во образованието


Најголемиот дел од прилепските ученици се против воведување на новите најавени реформи во образованието. Тие дека печатените учебници не треба да се исфрлат во никој случај и сметаат дека целосната дигитализација на образованието ќе биде штетна за нивното здравје.

„Да има учебници бидејќи многу е подобро да учиме од учебници. Јас мислам дека е многу подобро да се учи од учебници, предност е што секогаш и секаде можеме да го читаме, а за дигиталните учебници  требада имаме подобри услови. Недостасуваат пред се тоа што некои немаат доволно пари да ги набават потребните дигитални уреди. Друго еве на пример со бартеријата доколку се испразни нема каде да го наполниме, лап топот  или таблетот. Може да се скрши и слично, затоа јас мислам дека не е добро да имаме дигитални учебници“, рече Валерија Здравева, ученик во 9 одделнеие во ООУ „Гоце Делчев“.

„Мислам д ека е подобро да имаме хартиени учебници бидејќи не сите имаат услови да учат преку комјутер или  лап топ“, кажа Андреја Вељаноска, ученик во 9 одделнеие во ООУ „Гоце Делчев“.

„Учебниците се подобри бидејќи со нив подобро ќе се снајдеме и поубаво ќе ни биде учењето. Не се согласувам со дигитализацијата. Бидејќи тоа ни штети на нас пред се и ќе имаме оштетување на очите“, рече Елена Илиоска, ученик во прва година во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

„Тоа ни штети пред се на нашето здравје и мислам дека тоа не треба да биде воведено“,  додаде Изабела Трајкоска, ученик во прва година во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

„Според мене сепак мислам како држава се уште не сме созреани за на тој начин да се воспостави учењето. Најголемо значење сепак треба да се даде на учебниците бидејќи книгите постојат илјадници години, досега не го изгубиле значењето така и сега треба да продолжиме. Може да се воведуваат некои реформи постепено, сепак знаеме дека општеството се менува, но кон таа дигитализаицја треба да се оди постепено, но во никој случај не треба целосно да бидат укинати учебниците“, изјави Валентин Димитироски, ученик во четврта година во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи