Бочварски: Бараме предлози за подобрување на законот за дивоградби

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека законот за дивоградби, си, секако дека не е идеален, има и слабости, има и добри страни, но Владата е тука за да се најде решение.

„Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите“, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше против Ковид-19 на вакциналниот пункт во Штип.

Бројот од околу 50.000 дивоградби што според првичните проценки треба да бидат опфатени со овој закон го утврдиле од комуникацијата со општините, коишто, посочи, имаат одредени сознанија и информации и во однос и на претходниот закон колку барања за легалзаиција се одбиени, колку се во процес на работа.

„Градови или општини како Штип, Струмица, Велес, со средна големина, имаат по две до три илјади објекти, според нивните проценки, коишто немаат решен правен статус. Тоа се во најголем дел од објекти на наши сограѓани кои успеале да изградат кров над глава за себе и за своите семејства и токму поради тоа Владата овде е прва одговорна заедно со Собранието да бараме решение и начини да ги решеваме проблемите, а не да ги ставаме под тепих. Поради тоа ова прашање, овој закон е поднесен во Собранието уште во 2019 година, доста долго време во јавнота е отворено, дискутиравме и се донесе во дискусија и со пратениците и пратеничките групи“, изјави Бочварски.

Прашан дали со неопфаќањето на Охрид, Дебарца и Струга со овој закон се прави дискриминација и поради тие причини може да падне на Уставен суд, Бочварски укажа дека за овој регион заштитен од УНЕСКО има правила што треба да ги почитуваат сите, како и План за управување што прави разлика во однос на останатите градови што имаат само деталани и генерални урбанистички планови.

„Таму дополнително во тој регион има и план за управување којшто не секогаш се поклопува со деталните урбанистички планови, така што од тој аспект правиме дистинкција во однос на тоа дали одреден објект во тој регион би имал штетно влијание врз животната средина и токму поради тоа имаме и посебен член во овој закон сакајќи да го заштитиме Охридскиот регион и културното и природното наследство на државата“, рече Бочварски.

Прашан како ќе се превенира да нема носење вакви закони за легализација на нелегално изградени објекти, пред се, во делот на забразување на процедурите за носење на Детални урбанистички планови(ДУП) и Генерални урбанистички планови (ГУП) за општините и зголемување на бројот на градежните инкпектори во општините, коишто во источниот регион за 12 општини не можат ниту да се избројат на една рака, Бочварски со одговор дека ова е суштинско прашање, како треба да се бориме против нелегалните објекти.

„Тоа и го правиме во изминатиот период со покачување на платите на градежните инспектори. Ние и продолжуваме и понатаму со целиот оној пристисок за јакнење на инспекциските служби. Тоа е многу значајно за државата. Тоа е првиот фронт на борба против нелегалната градба“, рече Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи