Левица Прилеп: Прилеп „ограбен“ за 12 милиони евра за инфраструктура дадени на фирми блиски до власта

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
За десетина години, Општина Прилеп е „легално ограбена“ скоро 12 МИЛИОНИ евра со тендери дадени на само неколку „блиски“ приватници за патна инфраструктура, или во просек по милион евра годишно, од двете предходни власти, велат од ЛО Левица Прилеп.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Само за порамнување на шахти се потрошени околу 100 ИЛЈАДИ евра. Иронично е што рамните шахти во градот се „бројат на прсти“.
Иако општината располага со јавно претпријатие кое има капацитет да ја врши оваа дејност, околу 630 ИЛЈАДИ евра завршија во рацете на приватни фирми за хоризонтална и вертикална сигнализација, односно, сообраќајни знаци и обележување на улици, пешачки премини и слично, кои избледуваат за неполн месец.
За зимско одржување, односно чистење на улиците од снег е потрошена апсурдна сума од над 2 МИЛИОНИ евра, пари на граѓаните на град Прилеп, иако општината би го решила овој проблем со ангажирање на јавните претпријатија со кои располага.
Набавка и монтажа на табли за обележување на имиња на улици и куќни броеви се потрошени околу 25 ИЛЈАДИ евра, а локацијата и бројот на таблите остана мистериозна за прилепчани, земајќи ја предвид сумата на наплатената услуга, би требало да е обележана секоја улица и секој број во градот.
Сѐ на сѐ, со оглед на катастрофалните улици низ Прилеп, на што ние, самите граѓани, сме сведоци секој ден, факт е дека средствата буквално се „подарени“ во нечиј џеб. Станува збор за околу 12 МИЛИОНИ евра, наши пари, пари од народот, кој веќе е навикнат на денешниот изглед на улиците возејќи ”цик-цак” поради пукнатини, дупки, кратери.
Жалосно е што изгубивме ориентација колку вредат и што може да се направи за 12 милиони евра, благодарение на секојдневното вербално повторување на колосални бројки од страна на властите.
Реактивирањето на „заспаните“ јавни претпријатија, чија улога е да се грижат за општото добро и имиџот на градот, како и ставање крај на легалните грабежи наречени „тендери“ е еден од приоритетите на Левица како партија.
Општината во никој случај не може да се нарече „сиромашна”, земајќи во предвид шизофреното трошење на мегаломански суми на пари за тендери и јавни набавки, кои ако би дале видлив резултат, Прилеп како град би требало да биде пример од кој би учеле другите“, велат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи