Маслото стигна цена од 97 денари, шеќерот поскапен за 60%, житариците за 26% – највисоки цени во последните 7 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, она што се забележува е дека на месечно ниво поголеми стапки на раст има кај основните прехранбени производи.

Трошоци на живот април/март

Масло и масти 10,8%
Течни горива 15,6%
Овошје 4,2%
Зеленчук 4,4%
Транспортни услуги 4,3%
Воздухопловен патнички транспорт 9,8%

Според „Порталб“, земјава е под наплив на ценовен бран. Литар масло за јадење веќе достигна 97 денари.

Растот на цените ќе продолжи, но сепак инфалцијата ќе остане умерена – уверуваат од Народната банка која за годинава ја ревидираше прогнозата за инфлација на 2,2%

„Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите“, велат од НБРМ.

Според податоците од Организацијата за храна и земјоделство шеќерот е поскапен за 60%, житариците за 26%, а маслата за 24,1%.

Синдикалната кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година. Според пресметките на ССМ за да се овозможи основна месечна живеачка потребни се 33.976 или 550 евра.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video