Премиера на „Мендо и Мајло“ – нова претстава на Театарска работилница Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 22 мај, сабота 2021 во 19.00 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиерно ќе биде прикажана  претставата „Мендо и Мајло“ во режија на Игор Трпчески, продукција Tеатарска работилница Прилеп.

Податоци за претставата

„Мендо и Мајло“ – дуодрама

од Мирјанка Р. Селчанец

во режија на Игор Трпчески

Играат: Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Аша

Текстот е социјална комедија за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка.

Мендо е обвинет за убиство на сопствената невенчана жена, која всушност починала во сон…   Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица Уснија, ја превртува колата со дрва под кои и самата загинува, а Мајло е тешко повреден. Во ова време кога национализмот константно расте, а толерантноста опаѓа, важно е да разбереме, дека колку и предрасудите да се големи, на крајот, потребен ни е човек!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи