Руски дипломат прогласен за непожелна личност во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонијa, пренесува „Алмакос“.

Попладнето на 14 мај 2021 година, рускиот амбасадор во Северна Македонија, Сергеј Александровиќ Баздикин, бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку часа треба да ја напушти земјата.

Веста на Баздикин му ја пренел официјален претставник на Министерството за надворешни работи, во согласност со дипломатскиот протокол. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video