ВИДЕО – Златески: Нема нови локални политики и вработувања за млади – има само неисполнети ветувања

Во денешната пресконфенреција ќе потсетиме на дел од предизборните и нереализирани ветувања на градоначалникот Илија Јованоски, кои се однесуваат на младите во Прилеп. Ќе потсетиме на само мал дел од нив, затоа што ако ги читаме сите нереализирани ветувања, оваа пресконференција ќе трае долго колку неколку епизоди од „Game of thrones.“, изјави во денешната прес конференција Никола Златески, ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Иако во предизборието беше ветувано се’ и сешто, досега не реализирано речиси ништо. Го нема бомбастично најавуваниот Здравственспортско – рекреативен центар со затворен базен. Нема ништо и од парк шумата „Топташ“ и „Шаторов камен“, а за жал запустени се и постојните парковски површини изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо и од реконструкција на салата „Партизан“, и од изградбата на ново детско игралиште во населба Точила. Ветувањето за ново игралиште и парк на улица Осоговска во Жабино Маало, се покажа како уште едно од низата лажни ветувања, типични за Илија Јованоски и СДСМ.

Основното училиште во Сточен Пазар е оставено на забот на времето, да се распаѓа со секој изминат ден. Прашуваме, што се случи и со ветениот превоз за учениците од населбата „Три багреми“ до ОУ „Добре Јованоски“?

За локалните економски политики и нови работни места за млади, не станува ни збор. Младите од Прилеп заминуваат надвор од Република Македонија, како никогаш претходно, во потрага по подобар живот.

На идните локални избори, ваквата негрижа од СДСМ ќе биде казнета. Токму најмладите ќе бидат носители на општествените промени и ќе го испорачаат најголемиот пораз кој СДСМ некогаш го доживеал во Прилеп“, рече Златески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи