Предаден план за изградба на првиот милионски град на Марс


Илон Маск планира да направи град на Марс до 2050 година.

 „Постојат неколку проблеми со кои треба да се соочиме на Марс, од зрачење до снабдување со храна и вода потребни за сите луѓе кои ќе живеат таму. Исто така, треба да видиме како да ги искористиме ресурсите на Марс, почнувајќи од тоа каде треба да се наоѓа нашиот град или кои други локации може да ги имаат“, објаснува Жизела Детрел, аеронаутичка инженерка од Универзитетот во Штутгарт, Германија.

Детрел е дел од меѓународната заедница на научници и академици, кои на Mars Society им ги предале плановите за изградба на првиот град на Марс, Нува.

Mars Society е американска непрофитна вселенска организација предводена од волонтерство, која се занимава со промовирање на човечки истражувања и населување на планетата Марс.

Градот Нува го добива името по една кинеска митолошка божица која топела обоени камења за да го закрпи небескиот свод. Тој град треба да се наоѓа во внатрешноста на карпата кај Темпе Менси на Марс и треба да има дури милион жители, каде треба да го заштити животот во самата карпа од штетното космичко и сончево зрачење.

Детрел работи во областа на системите за поддршка на животот, осигурувајќи дека астронаутите ја имаат целата потребна храна, вода и кислород што им е потребна за да преживеат во вселената во идните мисии. Она што не е можно, посочува Детрел, е патниците на Марс со себе да носат свои ресурси од Земјата.

Како што градот расте, тој мора да може да зависи од ресурсите пронајдени директно на Марс и да рециклира што е можно повеќе. Ние треба да можеме да произведеме доволно кислород, вода и храна за човечки опстанок и да го затвориме циклусот скоро целосно, вели Детрел.

Погледнете го планот за градот тука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи