Намалување од 48,3% на нови случаи и намалување од 38,1% на починати од Ковид-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9%), 30-39 (n=114; 16,9%) 40-49 (n=111; 16,5%), и 20-29 (n=56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9%) и 10-19 години (n=33; 4,9%).

Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video