Вчера се вакцинирале 12 211 граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според Министерството за здравство, на вакциналните пунктови ширум државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 196 119 граѓани.

Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се аплицирани 232 485 дози вакцини, од кои 36 366 граѓани се ревакцинирани.

Вчера прва доза вакцина примиле 9 711 лица, а со оние граѓани што примиле и ревакцина, вкупно се вакцинирале 12 211 во текот на вчерашниот ден.

Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и  30% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 384 706 граѓани.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video