Двајца новозаразени и еден починат од корона во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:

Скопје – 58, Куманово и Прилеп  –  по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).

Од пријавените, две лица  се починати  во домашни, а останатите 14 во болнички услови.

Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-237, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово – 18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–85, МАНУ-89, Жан Митрев (Филип Втори)-245, Авицена-336, Биотек-377, Систина-255, лабораторија Лаор-176, Синлаб-51, Ремедика-47, Плодност–28, Генеа–21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.

Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи