Кина слета на Марс, роверот „Џуронг“ ги испрати првите слики

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кинеската сонда „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци по последната американска сонда „Упорност“. Сондата слета на Марс минатата недела во историска мисија и ги испрати првите „селфи“ фотографии од црвената планета.

Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) денеска објави слики направени од роверот, на кои се гледа системот за избегнување препреки и соларни панели на возилото, како и почвата на Марс.

Возилото се очекува да биде во функција три месеци, за кое време ќе испраќа слики и ќе собира податоци за локалната географија.

Кина е првата земја што успешно ја инсталира сондата за време на својата прва мисија на Марс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи