„Пријатели“ повторно заедно по 17 години – излезе и првиот трејлер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер по 17 години повторно ќе бидат заедно на малите екрани.

Долгоочекуваното повторно обединување на актерите од серијата „Пријатели“ конечно ќе биде прикажана на 27 мај, а вчера конечно беа прикажани првите фотографии, како и трејлер.

Двоминутното видео открива дека специјалното продолжение ќе има по малку од сè.

„Интересно е дека, кога се среќаваме, изгледа како да нема помина толку многу време. Само продолжуваме таму каде што застанавме“ – кажа Мет Лебланк, кој го игра ликот на Џои во серијата.

Специјалната епизода – со специјалните гости, помеѓу кои се Лејди Гага, Џастин Бибер, Дејвид Бекам, ќе биде емитувана на американскиот стриминг сервис HBO Max.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи