Русија протерувањето на нивниот дипломат од Македонија го смета за непријателски чин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Руското Министерство за надворешни работи излезе со реакција околу одлуката на Македонија да протера нивен дипломат бидејќи, според објаснувањата, бил инволвиран во недозволени активности во земјата.

„На 14 мај беше преземен непријателски чин во однос на руската дипломатија  во Северна Македонија. Еден од дипломатите беше прогласен за „персона нон грата“ од страна на локалните власти.

Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности кои не можат да помогнат, но влијаат на односите меѓу Русија и Македонија. Ќе следат одговорни мерки“, порачаа од руското Министерство за надворешни работи.

На 18 мај македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека „согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија.

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Македонија во рок од седум дена“, пишува во соопштението од македонското МНР.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video