Теренско возило и нова опрема за ТППЕ Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Општина Крушево предаде нова опрема за пожарникарите од ТППЕ Крушево и ново теренско возило за потребите на службите.

Опремата за вработените се состои од целосна опрема за летни и зимски временски услови, додека теренското возило е обезбедено преку Агенцијата за управување со одземен имот.

„Ова не е прв пат да обезбедуваме опрема за вработените во ТППЕ Крушево, но заради нивна и наша заштита повторно набавивме опрема и за зима и за лето за да можат непречено и безбедно да ја извршуваат работата. Исто така, возилото кое го обезбедивме преку Агенцијата за управување со одземен имот е целосно оспособено и денес официјално го предаваме на противпожарната служба.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Командирот на ТППЕ Крушево Шули Ангелески се заблагодари на опремувањето и грижата за сите вработени во службата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи