УКИМ ќе бара правда по легален пат ако се случи упис на бугарскиот универзитет под истото име

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За Факултети.мк, првиот човек на УКИМ – првиот и најстар македонски универзитет , „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски објаснува дека ако се случи упис на друга високообразовна установа со истото име (странската високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија), согласно Законот за авторско право и Законот за индустриска сопственост ќе бараат правда по легален пат.

„Имајќи предвид дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за името и обележјата му е признато правото на трговска марка и е заштитено во Заводот за индустриска сопственост во Република Македонија, доколку со регистрацијата, односно уписот на друга високообразовна установа се изврши повреда на нашите права и посебност, ќе реагираме соодветно по легален пат. Во тој момент ќе ги искористиме расположливите правни лекови согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриската сопственост и евентуално и меѓународните прописи кои ја регулираат оваа материја“, вели ректорот Јанкуловски за Факултети.мк.

Професорот Борче Давитковски од Правниот факултет при УКИМ за Факултети.мк објаснува дека многу е битно како ќе функционира Великотрновскиот универзитет и согласно Законот за високо образование, ако универзитетот е приватен, процедурата за да започне да функционира треба да оди преку Одборот за акредитација на високото образование.

„Штом универзитет доаѓа од странство, Владата мора да го одобри. Ова е првпат кај нас да влезе странски, но јавен универзитет. Ние сме имале соработки, на пример ние како Правен факултет имавме програма за интелектуална сопственост со Стразбур, тоа е она што се вика double degree, на француски и на македонски јазик. Но тоа е нешто друго, ова е првпат универзитет самостојно да настапува кај нас, и затоа има многу дубиозни прашања за кои стручната и општата јавност заслужуваат одговори“, посочува Давитковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи