Украден дел од покpивот и разбиени сите врати од конакот од манастирот Св. Вмч. Георгиј во село Бучин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои  се гледа како недостасува половина од покривот на манастирот  Св. Вмч. Георгиј во село Бучин. Во текот на ноќта на ден 19 мај 2021 во раните утрински часови украден е и уништен бакарниот покрив на манастирот и насилно се разбиени сите врати од конакот (тремот) на манастирот Св. Вмч. Георгиј.

Село Бучин се наоѓа во Прилепско Поле, како најјужно село во Општина Крушево и претставува раскрсница помеѓу градовите Крушев Демир Хисар, Битола и Прилеп. Кај селото Бучин на желеничката пруга има два тунела, а во месноста помеѓу тунелите се наоѓа манастирот Св. Вмч. Георгиј.

Во тек е и акција за собирање на средства за санирање на штетата, иницирана од сограѓанин Филип Петрески од с. Бучин кој моментално живее во Германија.

„Претходно години наназад, разбојници ги крадат парите и тоа нема да биде за жал ни последен пат, доколку сега не преземеме нешто сериозно. Затоа ве замолувам за оваа хуманитарна акција да ја поддржеме сите и да го вратиме повторно извонредниот изглед нашиот духовен храм. Средствата ќе бидат распределени за потребите на манастирот т.е нов покрив и видео надзорен систем во него и санирање на штетите.

Мои драги сограѓани, јас Филип Петрески од с. Бучин кој живеам моментално во Германија,  самоиницијативно ја отворив оваа кампања за собирање на средства за манастирот Св. Вмч. Георгиј во с. Бучин.

Сите можни собрани средства ќе бидат уредно документирани и испратени на манастирскиот одбор во с. Бучин, ќе биде споделен видео запис и список со собраните средства.

Во прилог го споделувам линкот од Фб групата Манастир Св. Вмч. Георгиј – Бучин https://www.facebook.com/groups/443591655682356/

А за сите оние пак, кој не го знаат манастирот, не го посетиле не имале можност и не слушнале за бројните чуда на овај светец, ве замолувам да го погледнете видеото поставено на YouTube т.е познатата Христијанска и Духовна тв – серија:

„По делата ќе те препознаам“ која се однесува за манастирот Св.Вмч.Георгиј во с.Бучин.

Да сте ми живи и здрави, и од Бога благословени.

Бог помеѓу нас, е и ќе биде“, стои во објавата на Петрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи