Бектеши: Ако има неправилности при увозот на сомнителниот мазут документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста. Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Потенцира дека веднаш откако излезе истражувањето на ИРЛ, во координација со Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, подготвиле заклучоци во Владата.

„Сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации“, рече Бектеши.

Сите правилници на Министерството за економија, додаде, потполно се хармонизирани со барањата на Европската  комисија и на Енергетската заедница и во делот на сулфурот и во делот на другите карактеристики кои се проверуваат согласно македонскиот стандард MKS X 430.

„Не е само еден параметар кој треба да се контролира, туку се седум или осум“, објаснува Бектеши.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video