Девет затвори во Шпанија нудат рехабилитација за корумпирани функционери кои не можат да престанат со крадење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Њујорк Тајмс“ пишува дека Шпанија има решение за измамници и корумпирани политичари –  програма за рехабилитација за корумпирани функционери.

Карлос Албуркерк, 75 годишен пензионер од Кордоба, град во јужна Шпаниј, пред да се пензионира во 2015 година, работел како градски нотар. Тој е еден од пациентите кои ќе се рехабилитираат тука.

Во период од 32 сесии, во конференциска сала во казнениот дом во Кордоба, Албуркерк ќе биде надгледуван од тим од психијатри. Тој ќе седи во круг заедно со други осудени криминалци на групни терапии.

Фактот дека во Шпанија постои ваква програма за рехабилитација кажува многу за државното верување во втора шанса, но и за тоа колку корупцијата има земено замав.

Рехабилитацијата на измамниците е комплетно шпанска волја, со што државата се издвојува од другите. Токму ваквата програма сместува над 2.044 криминалци „со бели јаки“ во шпанските затвори. Досега, 9 затвори во Шпанија ја имаат усвоено програмата, која започнала во март, оваа година.

Во програмата засега се вклучени и неколку звучни имиња како Ињаки Урдангарин, кралскиот зет,  олимписки ракометар и поранешен шпански војвода кој отслужува шестгодишна казна затвор. Франциско Кореа, бизнисмен затворен поради случајот „Гуртел“ исто така е запишан во програмата. Шпанската јавност Кореа го знае и по неговиот прекар „Дон Вито“.

Шпанската влада се обратила за помош кај Сергио Руиз, затворски психијатар кој работи во јужниот град Севиља. Докторот Руиз смета дека освен што затворениците треба да ја прифатат својата состојба преку групната терапија, тие понатаму треба да побараат учество во сесии наречени „обновена правда“ каде ќе бараат прошка од нивните жртви.

Тој додал дека многу бил изненаден при неговото истражување, кога при читањето на научна литература, не пронашол ништо за рехабилитација на криминалци со „бели јаки“.

Психијатрите проучувале секакви состојби на умот, но многу малку од нив се потрудиле да го проучат разумот на сомнителни функционери подготвени да го олеснат јавниот буџет за складирање отпад.

Токму поради оваа причина доктор Руиз решил да направи сопствено истражување. Тој составил три групи – криминалци со „бели јаки“, насилни криминалци и обични граѓани, при што решил поединечно да ги интервјуира за нивните вредносни системи и верувања.

Kорумпираните умови имаат капацитет да создаваат исклучоци на нивните правила, нешто што когнитивните психолози го нарекуваат „моралнo распаѓање“.

„Тие користат сложени објаснувања за да ги претстават своите лоши дела како нешто што е корисно за јавноста, а не за нив“, објаснува докторот.

Тој додал дека пронашол две опасни карактеристики кај измамниците – егоцентризам и нарцисизам.

Затворската чуварка Јоланда Гонзалез Перез, изјави дека слушнала скоро сè од криминалците со „бели јаки“ пред тие целосно да ги прифатат своите криминали.

„Тие најчесто велат „јас сум помал криминалец од останатите“, истакнува Перез.

Но, докторот Ортез не е толку загрижен. Тој секогаш е подготвен да ги згрижи криминалците со „бели јаки“, доколку тие покажат дека се подготвени да се вратат на старите навики.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи