Промената на полот во Македонија станува легална

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Промените ќе бидат запишани во Изводот на родени на државјанинот кој се одлучил за вакво нешто и при тоа нема да биде ставена никаква забелешка во документот дека е сменет полот. Ова го предвидуваат  измените на Законот за матична евиденција кои веќе Владата ги доставила во парламентот.

Се работи за постапка за признавање на т.н. родов индентитет кој законот го дефинира како лично доживување и е различно од полот со кој е родено лицето.

Член 19-a гласи: Секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Кон барањето се поднесува и нотарска изјава  во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд“ пишува во законските измени.

Управата секоја година изготвува извештај за поднесените барања за промена на полот и колку од нив се прифатени, а колку одбиени. До сега 6 граѓани во државата го промениле полот во личните документи но за тоа чекале од 2 ипол до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила во трет случај се прогласила за не надлежна велат од „Коалиција Маргини“. Сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Законот е поднесен со европско знаменце, а следи откако во Европскиот суд за човекови права во јануари 2019 година тужба поднесе македонски државјанин на кого не му бил признат родовиот идентитет. Тогаш судот во Стразбург донесе пресуда дека државата сторила повреда на личните права на жалитетот бидејки нема регулаторна рамка која обезбедува право на почитување на приватниот живот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи