Промовирана Национална платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За креирање на вистински политики кои ќе придонесат за унапредување на женското претприемништво во земјата потребно е да се обединат сите главни чинители, што ќе се постигне преку креирање на Националната платформа за женско претприемништво, чија промоција се случи денеска во хотел Хилтон, на коференција на која учествуваа министри,  високи претставници на Делегацијата на ЕУ, дипломати и претставници на деловната заедница. Платформата е во рамките на истоимениот проект, кофинасиран од Европската Унија, како дел од ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми. Носители на платформата се: Здружението на бизнисжени, Сојуз на стопанскикомори на Македонија, Националнатафедерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустрискоистражување-МИР.

„Преку Национална платформа за женско претприемништво сакаме да ги споиме сите активни чинители на ова поле и да создадеме поголема критична маса која ќе ја покаже потребата од посериозен пристап, во создавањето на можности за раст и развој на женското претприемништво во нашата држава. Главна цел на проектот е, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации, за креирање на јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Со инвестирањето во жените ќе се зголеми родовата еднаквост во општеството и ќе се промовира инклузивен и одржлив развој“, рече Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа за женско претприемништво и на Здружението на бизнис жени.

Националната платформа за женско претприемништво треба да се изгради како главен социјален партнер за креирање на политики и реформски процеси, и да овозможи промовирање на жените претприемачки како двигатели на промените.

„Загрижувачки е фактот што додека се поголем број на држави во Европа, воведуваат законски загарантирано учество на жени на високи и одлучувачки функции, кај нас се бележи голем негативен тренд на ова поле. Податоците покажуваат, дека застапеноста на жените на високи корпоративни позиции, се намали од 2% на 1%.  За да се надмине оваа состојба, и да се постигне економско јакнење на жените, потребни се нови политики, кои ќе ги гарантираат заслужените позиции на жените, вреднувањето на нивните квалитети, квалификации, способност и спречување на дискриминација при професионалното напредување“, рече Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанскикомори.

Развивањето на женското претприемништво ќе резултира со силна економија, намалена невработеност, поголемо учество на пазарот на труд, зајакнати семејни односи на сите жени, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

„За многу рурални жени, развивањето на женското претприемништво, значи ставање крај на сиромаштијата, постигнување на безбедност со храна, промовирање на одржливо земјоделство и постигнување на родова еднаквост во руралните средини. Затоа е многу важно вклучување на жените во одлучувачките процеси на земјоделското стопанство и создавање на можности да развиваат деловни активности. Жените од руралните средини, се вклучени во неформални активности и имаат многу малку можности за вработување, а се уште само 5% од нив имаат права за сопственост “, рече Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, истакнувајќи дека Националната платформа за женско претприемништво е голем чекор кон економско јакнење на жените.

Проектот Национална платформа за женско претприемништво, треба да придонесе за видливоста и опфатот на платформата.

„Со креирањето и имплементацијата на Националнатаплатформа за женскопретприемништво, сакаменашето, и искуството на сите нашисоработници, да гопримениме во процесот на развој и креирање на политики и реформи, да извршимеолеснување на структурниотдијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатитестрани, да ги подобримекапацитетите на граѓанскитеорганизации кои поддржуваатженскопретприемништво како и да ја зголемимевидливоста за женитепретприемачи како двигатели на промени во економскатаполитика, рече Емилија Андонова, проект менаџер, Фондација за менаџмент и индустрискоистражување -МИР.

На денешниот промотивен настан, беше потпишана Декларација за поддршка на женското претприемништво. „Националната платформа за женско претприемништво“  е проект кој ќе трае три години.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video