Просечната нето-плата во март изнесувала 28.217 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  март 2021 година, во однос на март 2020 година, пораснала за 6,8 %, и изнесува 28.217 денари.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3 %) и Информации и комуникации (12,1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5,3 %) и Градежништво (4,0 %).

Со овој податок се пофалија и од Владата, од каде велат дека континуирано расте просечната месечно исплатена нето плата по вработен. Оттаму додаваат дека практично во март годинава, во однос на март лани, просечната нето плата пораснала за 1.795 денари.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video