Филипче: Зелениот ковид пасош ќе важи и за вакцинираните во Србија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Граѓаните кои се вакцинираа против ковид-19 во други земји, ќе добијат дигитален сертификат во земјава, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Значи, без разлика каде се издадени потврдите за вакцинација, а имаат такви кодови, ќе бидат составен дел од нашата апликација. Сѐ што треба граѓаните да направат е да се скенира кју-ар (QR) кодот од сертификатот на вакцинација кој го добиле од кое било место. Тој кју-ар код ќе биде генериран и ќе биде видлив во апликацијата. Во апликцијата ќе бидата видливи и сите други кју-ар кодови за ПЦР тестирања од следната недела понатаму. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот ‘Мој термин’ што треба акредитирните лаборатотии да издадат како свој документ, за да на таа апликација може да има код кој ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест кој ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата“, рече Филипче.

Филипче вчера појасни дека дигиталната пропусница е електронски пас преку кју-ар (QR) код и апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон.

Ќе содржи простор за три податоци: на кју-ар кодот ќе има податоци за вакцина и ревакцина и типот на вакцината, вториот податок ќе биде ПЦР тестирањето кое секогаш ќе може да се надгради со секое следно тестирање во случај некоја од земјите да бара ПЦР тест. И третиот податок е за соодветна количини на детектирани антитела како доказ за прележана болест ако некоја од земјите го бара за влез како параметар.

Во однос на тоа што треба македонски граѓанин да поседува доколку сака да ја напушти земјава, Филипче рече дека засега нема читачи на граничните премини, но доколку било која од европските земји го побара тоа,  нашите граѓани ќе бидат спремни.

„Да повторам, од хартиена форма, граѓаните ќе имаа ковид сертификат со кју-ар код и од следната недела потврд за ПЦР тест. Ако се скенира кодот од двата документа, тој ќе биде достапен на апликацијата. Граѓаните ќе бидат спремни и со хартиена и со дигитална форма“, додаде министерот.

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video