Филипче: Притисокот врз болниците е многу намален, затворени повеќе ковид центри

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство, Венко Филипче пред малку преку својот Фејсбук профил извести дека поради намалениот број на пациенти, се затвориле повеќе ковид центри.

„Благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно го издржаа притисокот со кој беа соочени. Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст.

Денеска е затворен делот на интерните клиники – Одделенијата на дерматовенерологија и неврологија, коишто за целиот период помеѓу двата брана не престанаа со третман на ковид пациенти.

Поради намалениот број на пациенти во последните две недели, се затворија ковид центрите на Клиниката за урологија, Клиниката за пластична хирургија, ТОАРИЛУЦ – Трауматологија, Клиниката за уво нос и грло, Клиниката за очни болести, Клиниката за гастроентерохепатологија и Институтот за физикална медицина, како и детската болница Козле“, напиша Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи