Internet Explorer заминува во историјата, компанијата ја згаснува апликацијата во 2022 година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Некогаш најпопуларниот прелистувач Internet Explorer сега официјално ќе згасне по 1 година бидејќи компанијата нема да го испорачува со Windows 10 од 15 јуни 2022 година.

Оваа промена нема да влијае на Windows 10 LTSC (Long-Term Servicing Channel) што се користи во уреди чиј хардвер не се менува (магнетна резонанца, системи за контрола на летот и сл.). Верзијата на серверот на Explorer 11 i MSHTML (Trident) исто така нема да биде засегната. Повеќето корисници сепак ќе останат без IE.

Интернет Explorer е дел од Windows повеќе од 25 години, но со доаѓањето на прелистувачот Edge browser во 2015 година, Microsoft полека го гаси IE . Поддршката за претходните верзии беше прекината во 2016 година, а Microsoft 365 и другите апликации ќе престанат да го поддржуваат Internet Explorer  на 17 август. WordPress и Google Workspace  се само некои од веб-услугите што престануваат да го поддржуваат IE.

Microsoft  ги повика корисниците да се префрлат на Edge  или друг прелистувач пред следниот јуни. Многу компании имаат стари апликации и страници кои не работат добро на современите прелистувачи. Microsoft  ветува дека ќе има IE режим во Edge  барем до крајот на 2029 година, така што компаниите ќе имаат доволно време да преминат на нешто друго.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи